Сојузот на синдикати на Македонија ги радикализира чекорите за исполнување на барањата за зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра. Од следниот вторник (10 февруари) почнува со блокада на Собранието, а најавени се и блокади на бизнис секторот и на Владата.
Блокадата пред Стопанската комора ќе се одржи на 12 февруари, а на 17 февруари ќе ја блокираат Владата.
Ќе покренат и иницијатива за законски измени за намалување на функционерските плати, а доколку пратениците немаат слух, ќе собираат 10.000 потписи за како овластени предлагачи да поднесат измени за намалување на платите на избраните и именуваните лица.
– Предлагаме место нивната плата да се пресметува со тоа што просечната плата во државата да се множи со коефициент на сложеност, основица за множење да биде просечната плата. Така ќе се намалат нивните плати за 40 проценти. Дополнително да ги намалат и коефициентите на сложеност за 40 проценти. Така ќе покажат дека нема да придонесат за дополнително зголемување на инфлацијата, изјави претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.
Во опција останува и организирањето на 24-часовен генерален штрајк, а има можност и за организирање на уште еден протест.
Трендафилов вели дека нема да се согласат со условот што го поставува премиерот за вадење на делот за плати од Општиот колективен договор бидејќи тоа ќе значи 130 илјади работници да го изгубат правото што им е загаранирано зао закон и Устав и да им се намалат примањата.
– Владата не сака да ги даде тие пари, не сака да исплати ниту регрес за годишен одмор, ниту јубилејни награди, ниту додатоци на плата утврдени со колективните договори. Не видовме функционерите да се откажат ос своите плати за 80 проценти, а ги обвинуваат работниците за барањата за зголемување на платите. Да се откаже работник од стекато право гарантирано со Устав е закон е спротивно на Законот за работни односи, рече Трендафилов.
дома Македонија Економија Почнуваат блокадите на ССМ, работниците ќе ги блокираат Собранието, Владата и бизнисмените




