дома Свет Балкан Хорор во Солун: Изгоре автобус во движење

Хорор во Солун: Изгоре автобус во движење

Градски автобус целосно изгоре рано утринава во солунското предградие Синдос, откако во него избувнал силен пожар додека сообраќал на својата редовна линија. Како што пренесува грчкиот весник „Катимерини“, инцидентот се случил на автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони.

Во моментот кога се појавил пламенот, во возилото имало тројца патници и возачот. За среќа, сите четворица успеале навреме да го напуштат автобусот пред огнот целосно да го проголта. Иако противпожарната служба веднаш интервенирала, возилото е целосно уништено.

Грчките власти веќе спроведуваат истрага за да се утврдат причините за самозапалувањето на автобусот, кое предизвика краток застој во сообраќајот на овој дел од автопатот.

 

ПредходнаВасев и Нухи нудат имот од 350.000 евра за да излезат од притвор
СледнаВладата со план од 400 страници за 2026: Се воведува единствен систем на плати во јавниот сектор