дома Македонија Политика SP: Судски совет ќе ги проверува сите судии во Апелација – претставките...

SP: Судски совет ќе ги проверува сите судии во Апелација – претставките за Ристов се разгледуваат

Судскиот совет ги разгледува предметите во кои постапува судијата Ѓоко Ристов кој заврши во куќен притвор откако во домот на неговите родители беа најдени заѕидани 350 илјади евра, но претседателот на Судски совет Александар Камбовски најавува дека ќе ги проверува сите судии од Апелациски суд.

Советот веќе извршил контрола на дел од предметите во кои постапувал Ристов и неделава ќе кажат дали имало некакви пропусти во неговото постапување.

– Судскиот совет во рамките на планот на својата работа ќе има проверки во Апелацискиот суд не само за конкретниот судија што го споменавте туку за работата на сите судии. Беше извршена контрола на некои од предметите во кои постапувал судијата што го споменавте, но во моментот немам податоци да ви изнесам во смисла дали е детектиран некој пропуст или не бидејќи комисијата сè уште ги разгледува предметите – рече Камбовски.

Тој информира дека Судскиот совет разгледува шест или седум предмети во кои постапувал судијата Ристов. Очекува неделава да е готов извештајот од комисијата, која ја врши проверката на овие предмети.

– Па не беа многу, шест или седум предмети. Претставката ја водевме како анонимна. Беше потпишана од група вработени, стручни соработници и советници на Апелацискиот суд Скопје, без потпис, без имиња, тоа, според законот, се води како анонимна. Меѓутоа, решивме да формираме група за да ги провериме овие предмети, а во меѓувреме ни стигна демант, исто од група вработени, стручни соработници, дека тие не ја поднеле тие оваа претставка. Исто така, таа е без имиња и презимиња, но на оваа втората имаат ставено потпис. И двете ги цениме како анонимни. Неделава треба да се готови бидејќи станува збор, како што ви кажав, за пет или шест предмети. Не се голем број – рече тој, пренесе Sloboden pecat.

 

 

ПредходнаПочнуваат блокадите на ССМ, работниците ќе ги блокираат Собранието, Владата и бизнисмените
СледнаАлиу: Ќе ги анализираме информации за мозоците испратени од Македонија во САД