Четири лица се осомничени дека воспоставиле шема со која за пари им овозможиле на граѓани полесно да извадат пасош, лична карта и возачка дозвола.
Меѓу пријавените против кои е поднесена кривична пријава има вработени во МВР, наставничка и пожарникар.
Кривичната пријава е поднесена против М.С. полицаец вработен во Одделението за безбедност на патниот сообраќај во СВР Скопје, П.П., полицаец во Единицата за интервентна полиција во СВР Скопје, В.Р., вработена како наставничка во средно училиште во Скопје и А.С., вработен како пожарникар во Град Скопје.
Пријавените во период од февруари до април 2024 година, по претходен договор воспоставиле шема за издавање на лични документи со цел стекнување противправна имотна корист.
Трето и четвртопријавените наоѓале заинтересирани граѓани кои имале потреба од изготвување на лични документи, кои им ги доставувале нивните лични податоци во форма на фотографии кои потоа ги испраќале на второпријавениот кој интервенирал кај првопријавениот за побрзо вадење на лични документи.




