Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по освоеното апсолутно мнозинство на партискиот Конгрес, има целосен легитимитет во периодот што следи да обезбеди еднакви и фер услови за идната внатрепартиска трка за нов лидер. Ова го истакна новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, потенцирајќи дека станува збор за легална и одговорна одлука на партискиот врв.

Ковачки нагласи дека не се укинуваат функциите на потпретседателите на партијата, туку во овој момент нема именување нови лица на тие позиции.
– Тоа е одлука на претседателот, која ја почитуваме и целосно ја поддржуваме. Сите шпекулации во јавноста за наводно укинување на овие позиции се непотребни. Напротив, поранешните потпретседатели активно учествуваат во Извршниот комитет, каде заеднички се дискутираат и креираат политиките на партијата – изјави Ковачки во гостување на Сител телевизија.
Зборувајќи за новиот состав на Извршниот комитет, Ковачки посочи дека има промена од околу 20 до 25 проценти и дека станува збор за комбинација од искусни кадри и помлади членови.
Тој најави дека новиот Извршен комитет во текот на наредната недела ќе ја одржи својата прва седница, на која ќе се распишат огласи за избор на претседатели на општинските комитети.
Опозицијата со друг агол -Ковачки и тврда контрола
Прашањата што остануваат по оваа промена во раководните структури на ВМРО-ДПМНЕ не се „дали има потпретседатели“, туку кој ги контролира трите најважни точки: партиската организација на терен, кадровскиот филтер и контактите со економските центри што традиционално стојат околу секоја голема партија. И дали новата поставеност ќе донесе поголема проверливост, или само ќе ја направи моќта помалку видлива за јавноста, а поотпорна на внатрепартиска конкуренција.
Со изборот на Ковачки за ген-сек станува сосема јасно дека партијата зазема тврда линија и авторитарен карактер зашто сега целата моќ се концентрира на лидерот (Мицкоски), а со укинувањето на потпретседателите, Извршниот комитет добива само церемонијална улога која само ќе ги „аминува“ одлуките што ќе ги носи лидерот.
Оттаму, паѓа во вода тезата дека укинувањето на потпретседателските места во ВМРО-ДПМНЕ и „деградацијата“ на досегашните потпретседатели во членови на Извршниот комитет, е за да нема фаворизирање на ниту еден од нив како претенденти за наследник на Христијан Мицкоски, односно за претседател на партијата.
Може некој и да верува, ама кога во оваа „реформа“ на ВМРО-ДПМНЕ на местото генерален секретар е именуван Драган Ковачки, таа „демократска“ теза „сите имаат еднаков старт“ паѓа во сенка.
Особено ако се имаат предвид и другите „блескави“ моменти од кариерата на Драган Ковачки, кои повторно се многу илустративни за неговиот карактер.
По серијата дисциплински испади Драган Ковачки доби отказ од Министерството за одбрана поради оддавање на службени тајни.




