Користењето на вештачка интелигенција (ВИ) за проценка на медицински симптоми не дава подобри резултати од стандардните интернет пребарувања, според ново истражување од Оксфордскиот интернет институт објавено во списанието Nature Medicine.

Студијата опфатила 1.298 учесници во Велика Британија, кои користеле вештачка интелигенција или конвенционални извори за проценка на симптомите, објавува Ројтерс.
Резултатите покажале дека точни дијагнози и препораки за третман се постигнати во помалку од половина од случаите, што не е подобро од традиционалните методи.
Истражувачите велат дека проблемот делумно лежи во тоа што луѓето даваат нецелосни информации, но и во ограничувањата на моделите на вештачката интелигенција.
Коавторот на студијата, Адам Махди, истакнува дека „знаењето кај ботовите не значи дека е правилно пренесено во комуникацијата со луѓето“.
Студијата е поддржана од компанијата Prolific, германската непрофитна организација Dieter Schwarz Stiftung, како и од владите на Велика Британија и САД.




