дома Локално Во делови од Скопје планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енергија

Во делови од Скопје планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енергија

Од ЕВН Македонија информираат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина.

Во периодот од 06:00-10:00 часот без струја ќе бидат корисниците на ул.Пајак, ул. Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие) во општина Центар, во период од 08:30-14:30 часот корисниците на дел од ул.Радишанска во Бутел, од 09:00-12:00 часот корисниците на ул. 29 Ноември бр. 37 во Центар и во период од 09:00-14:00 часот корисниците на дел од ул. Урош Џудовиќ во Карпош.

ПредходнаКајмакоски спасен од киднапери во Србија
СледнаПочуствуван земјотрес во Тетово и околината