дома Македонија Економија РКЕ донесе одлука: Горивата поевтинуваат

РКЕ донесе одлука: Горивата поевтинуваат

 

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,14% во однос на одлуката од 2.2.2026 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,235 ден/кг и сега ќе изнесува 33,650 ден/кг.

Од 10.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 74,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 33,650 (денари/килограм)

ПредходнаССМ утре го блокира Собранието, Гаши им порача на пратениците како знаат да дојдат на работа
СледнаЦела сурија министри на чело со Пецаков во Париз ќе го бранат статусот на Охрид пред УНЕСКО