дома Локално Средношколците во „Илинден“ добија 80 смарт таблети од општината

Средношколците во „Илинден“ добија 80 смарт таблети од општината

Средношколците од СОСУ „Илинден“ добија 80 смарт таблети од Општината, со заложба, како што тврдат од Илинден, за модернизација на образованието и зајакнување на дигиталните капацитети на учениците.

Со користење на таблетите, учениците ќе имаат можност за полесен пристап до едукативни апликации, дигитални учебници и дополнителни наставни содржини и помагала, со што наставниот процес ќе стане поинтерактивен, поефикасен и прилагоден на современите трендови, велат од Општината.

Според, градоначалникот Александар Георгиевски, кои им ги предаде таблетите на учениците,  развојот на дигиталните вештини кај младите е од клучно значење во услови на забрзана дигитализација. Тој најавува дека Општината и во иднина ќе продолжи со активности насочени кон унапредување и осовременување на образовниот процес, со цел создавање подобри услови за учење, развој и напредок на младите генерации.

ПредходнаТрендафилов: Работниците на избори казнуваат или наградуваат, на потег се пратениците
СледнаМакедонија без суштински напредок според листата на „Транспаренси интернешнл“ за перцепција на корупција за 2025 година