дома Култура Ќорвезироска, Цветкоски, Корнети, Шелева и Селмани добитници на годишните награди на ДПМ...

Ќорвезироска, Цветкоски, Корнети, Шелева и Селмани добитници на годишните награди на ДПМ за 2025

   Оливера Ќорвезироска, Бранко Цветкоски, Хана Корнети, Елизабета Шелева и Ахмет Селмани се авторите чии дела се избрани за најдобри во 2025 година и ги добиваат годишните награди на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). Одлуките на одделните жири-комисии за секоја од петте годишни награди на ДПМ беа соопштени денеска на прес-конференција.

 

ДПМ ќе им ги врачи наградите на годинашните добитници в петок, 13 февруари, во 12 часот на свеченост по повод 79-годишнината од основањето на писателската асоцијација.

Претседателот на ДПМ Живко Гроздановски соопшти дека е задоволен од вкупниот број на пријавени дела на конкурсот. За 2025 година конкурирале 53 дела, седум наслови повеќе од минатогодишниот конкурс. Но, подеднаков одѕив немало за сите награди  .

ПредходнаПроекција на документарниот филм „Тата“ на „Зимски МакеДокс“
СледнаТрендафилов бара акција од надлежните откако Дафина Стојаноска објави видео од неговите малолетни деца