Од ЕВН Македонија известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат неколку улици во општините Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров.

Во Кисела Вода, од 08:00-13:00 часот без струја ќе останат дел од корисниците на улица Архитект Сотир Томовски, додека пак од 09:00 до 11:00 часот, прекин во електричната енергија ќе имаат корисниците од село Гврлево во општина Сопиште.
Во Ѓорче Петров пак, од 09:00-15:00 часот без струја ќе останат корисниците на улицата „101“ во населба Волково.


