дома Локално Во Србија приведен Саит Саитов, потврди МВР

Во Србија приведен Саит Саитов, потврди МВР

Осумнаесетгодишениот Саит Саитов кој се бараше со потерница поради тоа што прегази жена во Скопје, е приведен во соседна Србија, потврди Министерството за внатрешни работи.

– Во Белград лишен од слобода Саит Саитов, кој прегази жена во Скопје и избега
На 11.02.2026 од страна на надлежните служби во Србија известени сме дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026, соопшти МВР.

На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

ПредходнаВладата им дала 4 милиони евра субвенции на фирмите за медицински канабис во Македонија
СледнаЛишен од слобода Саит Саитов, кој прегази жена во Скопје и избега во Србија