дома Локално Делови од неколки скопски општини денеска без струја

Делови од неколки скопски општини денеска без струја

Од ЕВН Македонија известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат неколку улици во општините Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров.

Во Кисела Вода, од 08:00-13:00 часот без струја ќе останат дел од корисниците на улица Архитект Сотир Томовски, додека пак од 09:00 до 11:00 часот, прекин во електричната енергија ќе имаат корисниците од село Гврлево во општина Сопиште.

Во Ѓорче Петров пак, од 09:00-15:00 часот без струја ќе останат корисниците на улицата „101“ во населба Волково.

ПредходнаПроменливо облачно со повремен дожд
СледнаВладата им дала 4 милиони евра субвенции на фирмите за медицински канабис во Македонија