дома Македонија Покренато обвинение по седум месеци од пожарот во Визбегово

Покренато обвинение по седум месеци од пожарот во Визбегово

По седум месеци од пожарот во депонијата во Визбегово заврши истрагата и покренато е обвинение против три физички и едно право лице за загрозување на животната средина со отпад што е казниво согласно член 230 од Кривичниот законик.
        Во периодот од 28.02.2025 до 09.07.2025 година, обвинетите незаконски оставале, собирале и управувале со опасен отпад што содржи супстанции кои имаат својство на експлозивност, запаливост, надразливост, токсичност, канцерогеност и екотоксичност на катастарска парцела во Визбегово на која за тоа немале соодветна дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање.
– На 09.07.2025 година на локацијата се случил пожар кој поради обемот и опасноста не можел да се стави под контрола, при што согорел дел од непрописно складираниот отпад. Тоа предизвикало масовно испуштање црн чад и значително загадување на воздухот, потврдено со мерењата на Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана при АРМ. Крајната последица од незаконитите дејствија на обвинетите е и предизвиканата потенцијална опасност за животот и здравјето на луѓето, информира денеска Обвинителството.
Со истрагата е утврдена одговорност кај една сопственичка и управителка на обвинетото правно лице, која заеднички и со умисла заедно со второобвинетиот кој учествувал со особен придонес во работата на правното лице ги преземале незаконитите дејствија.
Обвинение за дејствија од чл.230 ст.6 е поднесено и против уште една сопственичка на друштвото и на парцелата која не била свесна за можноста од настапување на штетна последица, иако според околностите на случајот и своето лично својство, била должна и можела да биде свесна за таа можност, информираат од Обвинителството.

ПредходнаЛишен од слобода Саит Саитов, кој прегази жена во Скопје и избега во Србија
СледнаМицкоски ја брани Дафина Стојаноска, Tрендафилов да се извини