дома Македонија Политика Мицкоски од Минхен: На Македонија и треба заслужена и превидлива европска иднина

Мицкоски од Минхен: На Македонија и треба заслужена и превидлива европска иднина

Премиерот Христијан Мицкоски кој учествува на Минхенската безбедносна конференција преку објава на Фејсбук соопшти дека учествувал на тркалезна маса за проширувањето на Европската унија.

-Денес на Минхеската безбедносна конференција учествував на тркалезната маса “Отворена врата или отворен крај?- Исполнување на ветувањата за проширување на ЕУ” каде што јасно ги претставив нашите позиции за проширувањето на ЕУ.
​Пораката е едноставна: на Македонија и на регионот не им треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина. Време е реформите и трудот на нашите граѓани да бидат соодветно вреднувани – објави премиерот Мицкоски.

Ваквиот став на македонската влада, премиерот Мицкоски го соопшти пред еврокомесарката за проширување Марта Кос.

ПредходнаСДСМ објави нова бомба: 74 тендери вредни 17 милиони евра само за една фирма, власта си дели тендери како колачи
СледнаВМРО-ДПМНЕ прави дефокус, нема одговор за 5 тони дрога за Србија