дома Македонија Политика СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање...

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

 

Додека институциите не мрдаат со прст за криминалните тендери на ВМРО-ОКГ граѓаните гледаат црна кампања со напади врз предметите на СЈО. Ова е дел од политичката операција за враќање на Никола Груевски и уривање на правниот поредок во земјава, рече денеска Симона Цветеновски, членка на Извршниот одбор на СДСМ на прес-конференција

Клучниот чекор во оваа операција е систематскиот напад врз Специјално јавно обвинителство и врз пресудите што произлегоа од неговата работа.

Целта е јасна: дискредитација на предметите односно релативизирање на пресудите кои произлегоа од овие предмети и подготовка на терен за нивно поништување.

Обид да се избрише одговорноста за криминалот на поранешната власт и бегалецот од правдата, Никола Груевски, да се претстави како жртва.

Обвинителството се злоупотребува и за вршење притисок, секогаш кога нешто не и одговара на власта јавно го повикуваат токму обвинителството.

Сè со една цел – да се обезбеди безбеден терен за враќање на „газдата“.

 

ПредходнаВМРО ДПМНЕ: Фирмата на која ѝ беа запленети 30 тони марихуана добила одобрение од Владата во 2020 година
СледнаЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка