дома Македонија Црна хроника Сообраќајците со куп работа и казни

Сообраќајците со куп работа и казни

– Малолетник од Битола претходно со возило удрил во пешак и му било одземено возилото, а исто така, во Гостивар е одземен мопед од малолетник кој со него удрил во полициски службеник кој вршел службенои дејствија. Одземени се патничките возила и на другите возачи кои возеле без возачка дозвола, соопшти МВР.

По еден возач во Гостивар и Кавадарци управувале возила иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија. Од нив, исто така, се одземени патничките возила.

По еден возач во Македонска Каменица, гевгелиско, Струмица и Македонски Брод управувале возило под дејство на алкохол. Возачите во гевгелиско и Македонски Брод претходно предизвикале сообраќајни незгоди со материјални штети.

Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите МВР најавува дека ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, велат од МВР.

ПредходнаПовремени врнежи од дожд, ветровите и заладување неделава
СледнаСДСМ објави нова бомба: 74 тендери вредни 17 милиони евра само за една фирма, власта си дели тендери како колачи