УХМР предупредува за очекува зголемување на водостојот на река Вардар во средниот дел од течението, како и на реката Треска и препорачува на внимателно движење покрај реките. Но опасноста која демне и која повикува на подготвоки се обилните држави кои се прогнозираат за наредните денови и секако симнивање на температурите


Поради излевање на Вардар од доцна синоќа се пренасочува и сообраќајот во гостиварско, информираат од АМСМ.
„На 15.02 од 22:45 часот, поради излевање на река Вардар, сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране е пренасочен од с. Чајле кон с. Старо Чајле кон село Форино, соопштија утрово од Авто-мото сојузот на Македонија.
Обилните врнежи што ја зафатија земјата вчера предизвикаа излевање на реки и сериозни поплави во западниот и северниот дел од Македонија. Најпогодени се општините Кичево и Сарај, каде се вршеше евакуација на жители и интензивна санација на штетите.
Внимавајте покрај реките! Поплавени 30 домови во скопската општина Сарај
Координацијата меѓу Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и локалните самоуправи е интензивна, но на површина излегоа и проблемите со ограничените технички ресурси.




