Силниот ветер кој од вчера дува во Скопје предизвика материјална штета на неколку локации. Центарот за управување со кризи информира за паднати дрвја, искинати кабли и оштетени автомобили на шест локации во главниот град.
Градоначалникот на Скопје се пофали дека се интервенира на терен. Според информациите од ЦУК, во текот на ноќта паднати се и две бандери од Телеком во селата Нераште и Глоѓи во општина Теарце. Во с. Нераште, бандерата е падната покрај патот и не го блокира сообраќајот, но во селото Глоѓи бандерата е падната преку патот.




