Против 10 лица ќе биде поднесена кривична пријава за случајот со петте тони марихуана запленета во Србија.
Информацијата ја сподели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за телевизија 21.
– Во текот на денешниот ден ќе се отпочне со поднесување на кривична пријава до ОЈО за гонење организиан криминал и корупција, која опфаќа 10 лица, од кои двајца се веќе во пртивор, каде што овие 10 лица се директно или индиректно поврзани со произведена дрога. Денеска ќе биде поднесена кривична пријава, при што имаме основани сомненија дека тие лица се поврзани со транспортот на дрогата која беше запленета во Србија, изјави Тошковски.
Во однос на случајот со заплената во Србија, Тошковски нагласи дека постојат докази кои упатуваат дека дрогата влегла од Македонија и дека истрагата се води во тесна соработка со српските надлежни органи. Притоа, тој посочи дека суштинското прашање е и како таквата количина наркотична дрога влегла на територијата на Србија, имајќи го предвид начинот на функционирање на заедничките гранични контроли. „Согласно Договорот кој го имаме за One stop системот е така имплементиран да секоја гранична полиција на МВР, во рамки на граничната контрола го штити влезот во Македонија, односно излезот на Србија и влезот во Македонија. Македонските полициски службеници се на овој граничен премин и тука го контролираат влезот во Македонија. На влезот во Србија го контролираат српските полициски службеници. Значи не е прашањето како излегло од Македонија, туку како влегло во Србија. Тоа е во делот на министерството за внатрешни работи. Во делот на надлежностите на останатите институции ќе видиме, ќе покаже истрагата.“, потенцираше Тошковски.




