дома Македонија Општество Во сабота „Марш на ангелите“ во Кочани

Во сабота „Марш на ангелите“ во Кочани

Во Сабота, 21 февруари 2026 во 15:05 часот ќе се одржи Марш на ангелите во знак на сеќавање на 63-те жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

t

„Маршот на ангелите — достоинствен собир посветен на сеќавањето и на барањето правда.
Ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат во тивок марш, обединети во истата цел: вистинска правда за секој млад живот и одговорност за секоја неправда.

Овој марш е глас на семејствата, пријателите и целата заедница која не се помирува со молкот и нерешените прашања.

Чекориме за да потсетиме дека правдата не смее да доцни и дека секое изгубените животи нè обврзуваат на упорност.

Вашето присуство е важна поддршка.

Да одиме заедно — достоинствено, тивко, но одлучно“, стои во објавата.

 

ПредходнаВајц: Северна Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски
Следна“Авиончето на браќата Рајт” ја отвори дилемата дали имаме најстар владин авион