дома Локално Бесплатна вај-фај зона во Дебар Маало

Бесплатна вај-фај зона во Дебар Маало

 Општина Центар, во рамките на проектот EU4Digital, обезбеди бесплатна вај-фај зона во Дебар Маало, поточно на улицата Боемска и на скверот пред Општината.

Бесплатна вај-фај зона во Дебар МаалоВо согласност со програмата, како што информираат од Општина Центар, набргу се предвидува поставување слободни интернет-зони (вај-фај) и во Капиштец, со што граѓаните ќе имаат полесен пристап до дигиталните услуги и до информации на отворено.

Користењето на вај-фај зоните е достапно 24 часа, седум дена во неделата, бесплатно и без лозинка, со вградени безбедносни ограничувања за заштита на корисниците.

– Општина Центар е лидер во дигитализацијата на општинските услуги. Воспоставувањето слободни интернет-зони е пример како треба да функционира една современа општина, со безбедни и модерни јавни простори и отворен пристап до информации и дигитални услуги за сите граѓани – порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Овие слободни вај-фај зони се наменети за жителите, посетителите и за туристите за кои централното подрачје претставува една од најпривлечните и најатрактивни дестинации во Скопје.

ПредходнаХороскопски знаци кои работат повеќе отколку што се платени
СледнаХороскопски знаци кои секогаш велат „Почнувам од понеделник“