Вреди Фото: Фејсбук Вреди „Сега не му останува ништо друго освен да се соочи со сопствените гревови. Артан Груби е учесник и извршител на сите матни зделки на ДУИ. Затоа, Мала Речица се тресе од страв затоа што не знаат што сè е подготвен да прозбори“, наведуваат во соопштението од Вреди.
Оттаму оценуваат дека откако ДУИ катастрофално изгубиле на локалните избори минатата година и „паднаа во вода сите лажни ветувањата на нејзиниот лидер Али Ахмети за предвремени избори и наводен влез во владата“, на Груби не му останува ништо друго освен „да се соочи со сопствените гревови“.
Од Вреди прашуваат и дали Груби сега ќе им го зададе фаталниот удар на Ахмети и на ДУИ.
„Но, кој сè ќе оди курбан заедно со него, допрва ќе видиме“, велат од ВЛЕН.
Артан Груби е уапсен и спроведен.Сам влегол легално на преминот Блаце




