Голем одрон со камења има кај Катланово, по тунелот од Скопје кон Велес.
Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека се вози по една коловозна лента.
Од Центарот за управување со кризи со кратка информација дека случајот е пријавен во Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта и во Министерството за внатрешни работи.




