дома Локално Сончево со мала до умерена локална облачност

Сончево со мала до умерена локална облачност

 Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и релативно топло време. Утрата ќе бидат постудени и по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.

ПредходнаРеконструкција: Две нови имиња се очекува да станат дел од Владата.
СледнаКонтаминирано месо од Бразил завршило во месарници низ Европа? Пронајдени траги од забранет хормон