дома Македонија Руте пристигна на скопскиот аеродром, пречекан од министерот Мисајловски

Руте пристигна на скопскиот аеродром, пречекан од министерот Мисајловски

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте пристигна во земјава. На скопскиот аеродром беше пречекан од министерот за одбрана Владо Мисајловски.

– Во време на сериозни безбедносни предизвици од особено значење е заеднички да придонесуваме за безбедноста, мирот и стабилноста, напиша Мисајловски на Фејсбук.

Руте е во прва официјална посета на земјава. Ќе се сретне со претседателката Гордана Сиљановска Давкова, со премиерот Христијан Мицкоски и со собранискиот спикер Африм Гаши.

 

ПредходнаМажот на починатата жена од Карпош задржан во полиција, соседите сведочат за насилството
СледнаТошковски потврди дека е уапсен сопругот на починатата жена во Карпош, против него имало повеќе кривични пријави