Македонските државјани од Израел попладнево полетаа со владиниот авион од Шарм ел-Шеик кон Скопје.
– Станува збор за процес што бараше сериозен ангажман на нашите дипломатско-конзуларни претставништва, доследно почитување на безбедносните процедури и континуирана координација меѓу надлежните институции, напиша шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски на Фејсбук.
Според него, финализирана е и постапката за склучување договор со компанија која во следните денови се очекува да започне да ги реализира летовите за евакуација на македонските државјани од останатите погодени подрачја.



