дома Македонија Црна хроника Обвинителството бара продолжување на притворот на Јовановски – внатрешната контрола на МВР...

Обвинителството бара продолжување на притворот на Јовановски – внатрешната контрола на МВР се уште е во тек

 

Обвинителството бара  продолжување на притворот  на осомничениот Стојанче Јовановски – сопругот на Ивана која  заедно со нејзината шест годишна ќерка починаа по пад од зграда во скопски Карпош.

слободан насилник

Јовановски се товари за наведување на самоубиство, загрозување на сигурноста и нанесување телесна повреда. Од Обвинителството велат дека во тек е вештачење на мобилни телефони и други предмети, се обезбедуваат и анализираат видео записи од повеќе критични локации, а се обезбедува и целокупната документација за претходни поплаки и пријави за семејно насилство.

Во меѓувреме Министерството за внатрешни работи се уште спроведува внатрешна контрола за постапувањето на полицијата која само неколку часа пред да се случи трагичниот настан добила пријава за расправија меѓу двајцата сопружници и била на лице место, но се повлекла откако Ивана изјавила дека станува збор за недоразбирање. Министерството за труд и социјала веќе утврди пропусти во социјалните служби кои биле запознаени со случајот и најави мерки.

ПредходнаОколу 800 наши граѓани се заглавени на Блискиот Исток – авионските билети достигнуваат и до 20.000 евра
СледнаКиро Глигоров одбил 100 милиони долари од Грција за да го смени името на Македонија