дома Македонија Политика Околу 800 наши граѓани се заглавени на Блискиот Исток – авионските билети...

Околу 800 наши граѓани се заглавени на Блискиот Исток – авионските билети достигнуваат и до 20.000 евра

Претседателот на Туристичко-угостителската комора на Македонија, Аркан Керим, вели дека се разгледувале алтернативни можности за враќање преку Саудиска Арабија, но и тоа е сложено бидејќи македонските граѓани мора да обезбедат виза, која не се добива лесно.

Фото: Монтажа / МНР

Керим, вели дека во моментов на Блискиот Исток се наоѓаат околу 700 до 800 македонски државјани кои сакаат да се вратат дома, но тоа е исклучително тешко поради ограничениот авионски сообраќај и високите цени на летовите, објави фактор.мк 

„Најголемиот проблем е што аеродромот во Дубаи, еден од најголемите светски авионски хабови, престана да функционира. Со тоа практично се прекинаа важни воздушни врски меѓу Австралија, Азија и Европа. Тоа значи дека е нарушен голем дел од глобалниот авиосообраќај. Македонија е директно погодена бидејќи имаме 700-800 луѓе во регионот кои сакаат да се вратат. Во моментов тоа е технички многу тешко, а цените на авионските билети од Дубаи достигнуваат и до 20.000 евра за едно место“, изјави Керим.

Тој додава дека се разгледувале алтернативни можности за враќање преку Саудиска Арабија, но и тоа е сложено бидејќи македонските граѓани мора да обезбедат виза, која не се добива лесно.

ПредходнаБезбедносната состојба е стабилна, но се разгледуваат мерки за справување со нафтата и гасот
СледнаОбвинителството бара продолжување на притворот на Јовановски – внатрешната контрола на МВР се уште е во тек