дома Македонија Политика Обвинителството конечно отвори предмет за неправилностите во Центарот за социјални работи по...

Обвинителството конечно отвори предмет за неправилностите во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

  Јавното обвинителство на Македонија соопшти дека по медиумските информации за утврдени неправилности при инспекцискиот надзор во Центарот за социјални работи, поврзани со случајот со смртта на мајката и нејзината ќерка кои паднаа од шести кат во скопски Карпош, е оформен предмет по допрен глас.

Од Обвинителството информираат дека предметот е доставен на натамошно постапување во Основното јавно обвинителство Скопје.

– ОЈО Скопје ќе преземе проверки со цел да утврди дали констатираните неправилности содржат елементи на кривично дело за кое се постапува по службена должност – велат од ОЈО.

По Кочани, Карпош е уште еден нституционален пораз !

ПредходнаWSJ: Кои се иранските Курди што се борат против Техеран?
СледнаПриведен насилник во Скопје, пукал од пиштол кон сопругата и ги малтретирал ќерките