дома Граѓански Дебата за правата на жените „Кој ја плаќа сметката? Цената на нееднаквоста“

Дебата за правата на жените „Кој ја плаќа сметката? Цената на нееднаквоста“

 Заменик амбасадорот на ЕУ Бен Нупнау во просториите на Јуроп Хаус во Скопје денеска напладне ќе го означи почетокот на низа панел дискусии за правата на жените кои ќе се одржуваат во текот на целата година – почнувајќи со Меѓународниот ден на жената и завршувајќи со Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените.

Дебата за правата на жените „Кој ја плаќа сметката? Цената на нееднаквоста“Со фокус на прашањето „Кој ја плаќа сметката? Цената на нееднаквоста“, првата панел дискусија ќе се фокусира на економските и социјалните проблеми со кои се соочуваат жените денес.

Целта на панел дискусијата е двојна -да се прослават социјалните, економските, културните и политичките достигнувања на жените во Северна Македонија и пошироко, и да се слушнат различни перспективи – од граѓанското општество, академијата, претприемништвото, како и владата.

„Нема да нè снема“ – Осмомартовски марш за женските права во Скопје

ПредходнаСаем на книгата ги поканува љубителите на книгата во Лондон
СледнаРазоткриена шема на измами со лажни сообраќајки во битолско, апел до граѓаните да не наседнуваат