дома Локално Утре, мастерклас по архитектура и внатрешен дизајн со РОБЕРТА КОЛА

Утре, мастерклас по архитектура и внатрешен дизајн со РОБЕРТА КОЛА

 Утре, по почеток во 11 часот,  на Факултетот за Архитектура во Скопје – УКИМ,  ќе се одржи Мастерклас по Архитектура и Дизајн со Роберта Кола,  извршен директор на Simone Micheli Architectural Hero (https://www.simonemicheli.com/), една од најреномираните и најнаградувани архитектонски куќи во Италија.

На Мастеркласот на тема: РЕ-ДИЗЈАН: Од тема до Емоции. Регенерирање на простори, објекти, идеи”, ќе бидат претставени како изложба на постери, некои од најнаградуваните архитектонски ремек -дела (фотографии во прилог). Предавањето исто така ќе истражи како проектите во внатрешната архитектура и визуелната комуникација придонесуваат за повторно генерирање на идентитетот на местата и обликување нови дизајнерски наративи.

На настанот ќе се обратат Амбасадорот на Р.Италија, Н.Е. Паоло Палминтери и Деканот на Факултетот за Архитектура -УКИМ Скопје, Проф.д-р Анета Христова – Поповска.  

Мастеркласот е наменет за професионални архитекти, дизајнери, професори и студенти и учеството на истиот е бесплатно. 

Настанот е организиран од  Амбасадата на Р.Италија и Италијанската Трговска Агенција во Скопје, во соработка со Архитектонскиот факултет UKIM во Скопје и со него се одбележува на Денот италијански дизајн во светот.

ПредходнаИтен повик до вицепремиерот Александар Николовски
СледнаНиколоски во Вашингтон: Ќе има нови проекти за општините во соработката со Светска банка