дома Локално Уставен суд пресече: „Сејф сити“ останува во функција

Уставен суд пресече: „Сејф сити“ останува во функција

Уставниот суд ги отфрли трите иницијативи со кои се оспоруваа одредбите од Законот за прекршоци поврзани со системот „Сејф сити“. Судиите оценија дека нема основа за поведување постапка против дигиталното известување за сообраќајни прекршоци.

Уставната судијка Ана Павловска-Данева беше децидна дека законот важи за целата територија на државата, а не само за одредени општини каде моментално се поставени камерите. Според неа, прашањето за тоа каде точно ќе се применува технологијата е одлука на извршната власт, а не уставно прашање. Судот останува да одлучува по уште една иницијатива, која се однесува на контроверзната одредба за одземање на возила.

ПредходнаШест случаи на семејни инциденти пријавени во полиција
СледнаИзмама во Апелација: Со 16 одложени рочишта судија дозволил предмет да застари