дома Македонија Армиски хеликоптери вклучени во гаснење на пожар на Јабланица

Армиски хеликоптери вклучени во гаснење на пожар на Јабланица

Два хеликоптера на Армијата биле ангажирани во гаснењето на пожар на планината Јабланица.

Хеликоптерите се ангажирани поради исклучително непристапниот и тежок планински терен поради што интервенцијата од копно била значително отежната, информира Центарот за управување со кризи.

Во исто време, во регионот на Струга е евидентиран и друг активен пожар во селото Боговица, каде што се дејствува од копно.

– Надлежните институции се на терен и остануваат ангажирани сè до целосно стабилизирање на состојбата, информира ЦУК.

ПредходнаКои хороскопски знаци се најпребирливи?
СледнаПротестот за поголеми плати на ССМ започна