дома Локално Маларија: Патници од Скопје и Куманово се вратиле заразени од Африка

Маларија: Патници од Скопје и Куманово се вратиле заразени од Африка

Двајца македонски државјани во текот на февруари биле хоспитализирани откако им била дијагностицирана маларија по враќање од егзотични дестинации.

Станува збор за лица на возраст меѓу 40 и 60 години, од Скопје и Куманово, кои престојувале во Занзибар и Сиера Леоне.

Од Министерството за здравство информираат дека пациентите биле соодветно лекувани во болнички услови и во моментов се наоѓаат во добра општа состојба. Благодарение на навремената дијагноза, спречени се потешки компликации кај двајцата патници.

 

ПредходнаАцо Ристов, предлог за нов претседател на РКЕ беше еден од најбогатите градоначалници и бизнисмени, тежи над 627 илјади евра
СледнаСведочење за „Пулс“: Обезбедувањето требало да реагира за присуство на малолетници по полноќ, а пиротехниката била безбедносен ризик