дома Култура Кирил Поп Христов беше човек со кој не мораше секогаш да се...

Кирил Поп Христов беше човек со кој не мораше секогаш да се согласиш, но мораше да го почитуваш!

„Постојат актери кои влегуваат на сцена и постојат актери кои ја носат сцената со себе. Кили беше од вторите“, рече Никола Кимовски, директор на Македонскиот народен театар..

Сепак, Кирил Поп Христов не беше само актер, тој беше јавна личност кој со својот непосреден дух и искреност, љубопитност, луцидност и бескромпромисен став ја обликуваше нашата културна и општествена сцена.  Смислата за хумор и непредвидливост секако беа негов белег, со овие зборови неговите пријатели и колеги деновиве се простуваат од него, паметејќи го како човек кој не се плашеше да говори отворено.

Неговата животна патека беше подеднакво немирна и слободна, како и неговиот сценски темперамент. Кили беше човек кој никогаш не престана да бара нови хоризонти. Можеби затоа и денес кога зборуваме за него чувството не е дека се збогуваме“, рече Никола Кимовски, директор на Македонскиот народен театар.

Кирил Поп Христов беше човек со кој не мораше секогаш да се согласиш, но мораше да го почитуваш, затоа што зад таа негова жестокост стоеше искрена љубов кон театарот,се сеќаваат неговите колеги.

„Можам да кажам дека Кили беше посебен, не само посебен туку меѓу посебните најпосебен. Со неговиот мултиталент, неговите способности на сцената, во музиката, во уметноста воопшто. Покрај неговите изиграни улоги, одлично изиграни улоги он знаеше да го чува и да го следи својот животен лик, ликот на Кили. Гордо и храбро го играше до крајот ликот на Кили“ истакна Даница Георгиевска, актерка во МНТ.

Но неговата спонтаност, непосредност  и енергија на различни настани и радио емисии со различни профили на гости се нешто што се памети.

Беше човек кој кога ќе седнеше на пијаното, се претвораше во музичар од светските сцени на кои е достоен, забележа актерката Арна Шијак.

„Кили нам би ни рекол HASTA LA VISTA , BABY . А јас би ве замолила да му дадеме голем и достоинствен аплауз на нашиот Кили.  Слава му !“, порача актерката во МНТ Арна Шијак.

ПредходнаПетмина во трка за испразнетото место во Антикорупциска по оставката на Цвета Ристовска. Има ли партиски донатори меѓу кандидатите? 18.03.2026 15:50 Петмина кандидати влегуваат во трка за едно испразнето место во Антикорупциската комисија. За утре се закажани интервјуата кои ќе се одржат утре во Собранието кое со помош на преставници на невладини и народен правобранител ќе го избере идниот член на ДКСК. За местото на Цвета Ристовска која си даде оставка влегуваат, Борче Стојановски, Милка Муратовска, Владимир Клековски, Марија Катралова Китанов и Антонија Андонова Тасевски. Дел од имињата можат да се најдат и на претходни избори за членови на ДКСК, но уште поинтересно е што некои се совпаѓаат и со имиња и презимиња на донатори на сега владеачката ВМРО ДПМНЕ. Листите на донатори се објавени на државниот завод за ревизија а се однесуваат за избори во 2014 и 2017 година. Антонија Андонова Тасевски е на листата од 2017 година и донирала 25 илјади денари. Исти лични податоци има и кандидатката за член на антикорупциска која во исто време е вработена во ДКСК. И Борче Стојановски е кандидат за член на ДКСК а во моментов е вработен во комисијата. И такво име и презиме се јавува во листата на донатори на ВМРО ДПМНЕ но од 2014 година. И двајцата Телма се обиде да ги добие на телефонските броеви кои ги оставиле од институцијата но неуспешно. Инаку сите кандидати до Собранието треба да достават изјава дека не биле донатори на партии во последните 10 години па за Стојановски ова и не е спорно бидејќи е поминато повеќе време. Но тој бил кандидат за член на ДКСК и во 2023 година па не се знае дали тогаш се проверувало дали е вистинита содржината во нотарската изјава. Неизвесно е дали ќе се преиспитува идонацијата на Андонова Тасевски. Меѓу останатите тројца кандидати се Владимир Клековски кој е адвокат и брат на актуелниот директор на Фондот за здравствено осигурување и член на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ. И тој конкурирал уште во 2023 година за да биде член на овој состав на антикорупциската но бил прв од оние кои не биле избрани според бодувањето. Останатите две кандидатки се Милка Муратовска и Марија Катралова Китанов. Муратовска е советник кај Народниот правобранител, додека Марија Катралова Китанов е раководител во Националната агензија за европски образовни програми и мобилност. Инаку огласот беше распишан откако поранешната антикорупционерка, Цвета Ристовска си поднесе оставка поради скандалите поврзани со неа. ДКСК каде беше член и отвори предмети за судир на интереси бидејќи фирма на нејзин син предизборно земала пари од партии а и за непријавување на имот на две фирми сопственост на синовите. Изборот на нејзина замена ќе биде со бодување а комисијата е формирана од Маја Атанасова од Здружението на Млади правници и Јашари од Метаморфозис, Соња Трифуновска која е заменик народен правобранител и по еден пратеник од вмро дпмне влен СДСМ и ДУИ.
СледнаСаем на книга – “Отвори прозорец кон нови светови”