дома Македонија Политика Собранието треба да изгласа член на Судскиот совет

Собранието треба да изгласа член на Судскиот совет

 Собранието денеска треба да ја одржи 94. седница, на чиј дневен ред се преостанати се уште три точки – Предлог за изборот на член на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка и Предлог на законот за изменување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на Проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и Проектот за Автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на Автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, по скратена постапка.

Собраниската Комисија за избори и именувања утврди предлог-листа од двајца кандидати за избор на член на Судскиот совет на Република Северна Македонија што го избира Собранието – Cejфула Османи, доктор на правни науки од Градец, Врапчиште и Apбер Исаку, дипломиран правник од Тетово.

ПредходнаДенеска клучна седница на Синодот – разрешување на владиката Петар од Австралија, кој ќе го наследи?
СледнаНови рочиште и сведоци за пожарот во „Пулс“