дома Македонија Политика Агенцијата за пристап до информации со месеци без раководство – Денеска избор...

Агенцијата за пристап до информации со месеци без раководство – Денеска избор на директор

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе одржи седница, на која на дневен ред е Предлог-одлуката за именување директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Оваа институција, која има клучна улога во обезбедувањето транспарентност и демократија, не функционира од 25 декември минатата година, кога на тогашната директорка Пламенка Бојчева ѝ истече мандатот.

Агенцијата во моментов е без раководство, откако и заменик-директорот Бљерим Исени беше избран за советник во Советот на Општина Куманово на последните локални избори.

Во јануари годинава, собраниската Комисија за избори и именувања поништи оглас за избор на директор и заменик-директор, бидејќи на него се пријавиле само двајца кандидати кои не доставиле комплетна документација.

ПредходнаФатени на дело во „Железара“: украле кабли вредни речиси 1 милион денари
СледнаРевизија, каде се парите во ДИК? 2,1 милион евра отишле за политичко рекламирање во 2024 година