Следејќи изолационистички курс во својата антиевропска определба кадарот на ДПМНЕ во Министерството за надворешни работи, кој фанатички ги поддржува антицивилизациските напори на САД и Израел оличени во воената агресија врз Иран, ја користи секоја прилика да ја искаже својата слепа поддршка и вазалска потчинетост кон агресорите врз оваа суверена нација, при што на површина испливува нивното елементарно непознавање на меѓународното право и нивните сомнителни морални вредности, велат од Левица.

– Квалификацијата на државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Елена Кузмановска, на бруталната агресија на САД и Израел врз Иран како „право на војна” во обид да го дисквалификува правото на самоодбрана на Иран е очигледен показател на бесмисленоста и отуѓеноста на надворешните политики на Муцунски чија безидејност во определбата за поддршка на реакционерните злосторнички режими на Трамп и Нетанјаху, веќе извесно ја носат Република Македонија во меѓународна изолација. Со овој застрашувачки гаф на Кузмановска на виделина излегува не само апсурдноста на вмровската надворешна политика водена од некомпетентни кадри, туку и нивната агресивна природа и аморалност при што оправдуваат чин на војна за едните, додека притоа негираат елементарно право на самоодбрана кај другите.
Левица се залага за независна надворешна политика водена од интересите на македонскиот народ и држава, притоа следејќи ги принципите на солидарност помеѓу подјармените народи и мирољубива политика во согласност со начелата на меѓународното право, тврдат од партијата.




