Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да почне судскиот процес против Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана која заедно со нивната ќерка Катја на 2 март изврши самоубиство по пад од балкон од семејниот дом во Карпош.
Јовановски се товари се неколку кривични дела – телесна повреда односно повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување и помагање во самоубиство.
Обвинителството информираше дека прибраните докази укажуваат дека Јовановски подолг период се однесувал нечовечки кон Ивана.
Случајот со Ивана и Катја предизвика лавина реакции во јавноста и ја отвори Пандорината кутија дали институциите повторно задоцнија.
За случајот информираше и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој на вонредна прес-конференција информираше дека истиот ден пред Ивана да го изврши самоубиството имало пријава во полиција по што полициски службеници излегле на терен, но Ивана ја повлекла пријавата со образложение дека не бара полициска асистенција и дека брачните недоразбирања ќе ги решаваат преку бракоразводна постапка.
Рече дека во последните две години во МВР имало 10 други пријави против Јовановски од областа на насилниот криминал, имотните деликти и недозволена трговија со дрога.
Нјави дека за секој пријавен случај на семејно насилство, насилникот ќе биде викнат на информативен разговор во полиција без разлика дали жртвата ќе ја повлече пријавата.




