дома ТОП ВЕСТИ Апелација им ги зголеми казните на сите 13 обвинети во случајот со...

Апелација им ги зголеми казните на сите 13 обвинети во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал​ со дете-жртва

   Апелациониот суд Скопје ги одби како неосновани жалбите на обвинетите во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал​ со дете-жртва и ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, на начин што ја преиначи првостепената пресуда на Основниот кривичен суд Скопја и им ги зголеми затворските казни на сите 13 лица.

Пресудата на Основниот кривичен суд Скопје, Апелација по одржана јавна седница на 13 ноември минатата година, а по спроведено советување и гласање на нејавен дел од седницата на ден 25 декември 2025 година, ја преиначи према обвинетите во делот на кривичната санкција, така што:

Казната на првообвинетиот Стефан Димовски, огласен виновен за кривично дело „Трговија со дете“ од 5 години и 6 месеци, му се зголемува на казна затвор од 8 години и шест месеци.

Првостепената казна од 4 години и 6 месеци на обвинетиот Дејан Спасиќ, огласен виновен за кривично дело „Трговија со дете“, му се зголемува на казна затвор од 6 години и 6 месеци.

Казната на обвинетиот Димитар Наков, огласен виновен за кривично дело „Трговија со дете“ од 4 години и 6 месеци, му се зголемува на казна затвор од 8 години и 6 месеци.

Првостепените казни од 4 години затвор на обвинетиот Тино Илиевски, огласен виновен за кривично дело „Трговија со дете“, му се зголемува на казна затвор од 7 години и 6 месеци, додека на обвинетиот Савен Неделковски, на 6 години затвор.

Првостепените казни затвор од 1 година и 6 месеци на обвинетите за „полов напад и силување“ Александар Филиповски, Бојан Филиповски, Антонио Зографски, Трајче Лазов и Ристо Вељанов, им се зголемуваат на казна затвор од 3 години.

Казната на обвинетиот Кристијан Тончов од 1 година и 3 месеци, за „полов напад и силување“, му се зголемува на казна затвор од 3 години.

Првостепената условна осуда од две години затвор на обвинетиот Борче Коцев, огласен виновен за кривично дело „прикажување на порнографски материјал на дете“, му се заменува со казна затвор од 1 година.

Судот соопшти дека сите 13 обвинети се виновни за кривичните дела кои им се ставаат на товар и на сите им се изречени затворски казни, „имајќи ги предвид сите олеснителни и отежителни околности“. .

Забавите се случувале во станови на повеќе локации во Велес, каде присуствувале повеќемина кои прво консумирале дрога и алкохол, а потоа вршеле полови дејствија врз детето.

Обвинение беше поднесено против 15 лица, од кои двајца се спогодија со Обвинителството и добија условни казни. Случајот беше затворен за јавноста.

ПредходнаТитан Усје воопшто не е усогласен со современите еколошки стандарди!
СледнаБујар Османи тврди: Околу 250 илјади граѓани имаат бугарски пасоши и индивидуално уживаат во правата на ЕУ