дома Македонија Политика Во Вила „Водно“ Сиљановска го пречекува претседателот на Црна Гора

Во Вила „Водно“ Сиљановска го пречекува претседателот на Црна Гора

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Како што информираат од Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, таа ќе го пречека со највисоки државни и воени почести на церемонија во Вила „Водно“.

Потоа се предвидени тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на македонската и црногорската делегација.

Во рамки на посетата ќе биде потпишан и меморандум за соработка меѓу младинските совети при кабинетите на двајцата претседатели.

За утре е најавено Милатовиќ да положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Исто така, Сиљановска-Давкова и Милатовиќ ќе одржат заедничко предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

ПредходнаАвстралиски научници: Вејпингот веројатно предизвикува рак на белите дробови и устата
СледнаСтуденти на удар на УЈП: Се бара данок за парите заработени преку „Work&Travel“ во Германија