Кирил Дмитриев, раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF) и специјален претставник на рускиот претседател за инвестиции и надворешна економска соработка, денес оцени дека Европската Унија ја очекуваат исклучително тешки времиња поради нејзиното отфрлање на руските енергетски ресурси.

„Одбивањето на ЕУ да се потпре на руските енергетски резерви и другите глупави идеолошки одлуки најавуваат исклучително тешки времиња за Европа“, напиша Дмитриев на социјалната мрежа X.
Вака го коментираше раководителот на Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF) мислењето на експертите од „Волстрит журнал“ дека нафтената криза што ја погоди Азија најавува тешки времиња и за Европа, според агенцијата РИА Новости.
Во подоцнежна објава на истата социјална мрежа, Дмитриев додаде дека „Азија е помудра и се грижи за своите луѓе“, осврнувајќи се на новите енергетски договори меѓу Русија и азиските земји, „додека ЕУ и Велика Британија го забрзуваат своето идеолошко самоуништување“.
Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток практично го запре бродскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец, клучен превозен пат за нафта и течен природен гас (LNG) од Персискиот Залив, предизвикувајќи скок на цените на енергијата низ поголемиот дел од светот.




