дома Гастронаутика Патуваме Казнети со 1.100 евра за вејпинг во Тајланд: „Бевме во целосен шок...

Казнети со 1.100 евра за вејпинг во Тајланд: „Бевме во целосен шок и паника“

Британска туристка ги предупреди своите сопатници откако беше казнета со 1.000 фунти (1.146 евра) во Тајланд за користење електронска цигара. Таа истакнува дека неинформираните туристи би можеле да се соочат со затворска казна до десет години за истото дело.

Сара Грин (43), од Есекс, неодамна била на одмор во Тајланд со своето семејство кога била казнета со 1.000 фунти за користење електронски цигари. Таа била на плажата Камала во Пукет со својот партнер и тројца тинејџери. Таа рекла дека видела многу луѓе како користат електронски цигари на плажата, а некои дури и ги продавале, што ја навело да помисли дека е дозволено.

„Бевме во целосен шок и паника“

„Седевме, се опуштавме на сонце и користевме вејп кога одеднаш полицијата ни пријде и ни рече: „Дајте ми го тоа сега“ и ни нареди да појдеме со нив. Бевме во целосен шок и паника“, изјави таа за LADbible.

Таа објасни дека биле однесени во мала полициска станица зад плажата, каде што нејзиниот партнер бил внесен внатре, а таа и децата им било кажано да чекаат надвор. Потоа полицаецот ѝ рекол дека „двајцата одат на суд наутро“, што, вели таа, навистина ја исплашило.

„По околу дваесет минути, партнерот излезе и рече дека мора да одиме до банкоматот бидејќи сакаа да платиме. Полицијата ни кажа дека секој од нас мора да плати 40.000 тајландски бати, што е нешто помалку од 1.000 фунти. Нè предупредија дека ако се случи повторно, нема да можат да ни помогнат“, додаде таа.

„Повеќе луѓе треба да знаат за ова“

Сара тврди дека локалната полиција дел од вината ја префрлила на мештаните на плажата, велејќи дека „требало да ги предупредат туристите“.

„Беше навистина страшно искуство, особено затоа што децата беа со нас, а ние не знаевме ништо за ова. Дефинитивно мислам дека повеќе луѓе треба да знаат за ова“, рече таа. „Немаше никакви знаци каде што бевме, а туристичката агенција не нè предупреди однапред, поради што бевме во таков шок.“

Она што го видоа на аеродромот дополнително ги збуни. „Ги донесовме вејповите со нас, не ги купивме таму. Кога летавме од Бангкок до Пукет, забележавме знаци на аеродромот дека вејповите се дозволени само во рачен багаж, а не и во чекираниот багаж, што ја направи целата ситуација уште позабунувачка“, рече таа. Додаде дека им биле поставени „многу лични прашања за нашите работни места, па дури и за тоа колку заработуваме, што ни се чинеше доста наметливо“.

Строгите закони на Тајланд за пушење и вејпинг

Во упатствата на британското Министерство за надворешни работи за Тајланд се предупредува: „Пушењето на јавни места е нелегално и се казнува со парична казна до 5.000 тајландски бати (132 евра)“. 

„Во Тајланд е нелегално да се поседува или користи било каков уред за вејпирање, е-цигара, капсула, е-течност или уред за загревање тутун. Прекршоците може да доведат до конфискација, високи казни, обично од 5.000 до 30.000 тајландски бати (132 до 794 евра), притвор и судска постапка. Можеби ќе треба да останете во Тајланд додека не се реши случајот. Нема исклучоци за туристи или за лична употреба.“

ПредходнаНејнски: Македонската Влада прави обиди за да го заобиколи францускиот предлог, но го губат времето на сопствените граѓани
СледнаБез расправа, Советот на ЈО го усвои барањето на Ленче Ристоска за престанок на обвинителската функција