дома Локално Нестабилно пролетно време низ Македонија

Нестабилно пролетно време низ Македонија

 

Облачна воздушна маса од север ќе донесе локални врнежи од дожд низ Македонија, со посвежи утрински температури и умерено топло време преку денот.

Во текот на ноќта и утрешниот ден, над територијата на Македонија ќе поминува облачна воздушна маса од север, која ќе донесе локални и послаби врнежи од дожд.

Врнежите ќе бидат поизразени во северните и источните предели, додека во останатите делови ќе има променлива облачност со повремени врнежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во Скопје и околината се очекува слична временска состојба, со облачно време и услови за слаб локален дожд.

Утринските температури ќе бидат над нулата и ќе се движат од 2 до 10 степени на ниво на државата. Во текот на денот, максималните температури ќе достигнат од 12 до 20 степени.

Во Скопје, утринската температура ќе се спушти до околу 7 степени, додека дневната ќе достигне приближно 17 степени.

ПредходнаДaли Eвpoпa cтaнyвa пocиpoмaшнa? Bиcтинaтa e пoлoшa – мoдeлoт ce pacпaѓa
СледнаВојната против Иран: Инфлацијата во САД скокна на 3,3%