Во петок и во сабота ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.
Минималните температури ќе се движат од 3 до 11 Целзиусови степени, а максималните од 14 до 23 степени.
Утре ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 километри на час.
Минималните температури, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе бидат во интервал од 4 до 10 Целзиусови степени, а максималните од 21 Целзиусов степен. Во Скопје слично време, со температура од 8 до 20 Целзиусови степени.







