дома Македонија Црна хроника МВР има залихи од обрасци за возачки дозволи за наредните три години,...

МВР има залихи од обрасци за возачки дозволи за наредните три години, не е точно дека има недостаток

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите објавени на социјалните мрежи за наводен недостаток на обрасци за возачки дозволи. Ја информираме јавноста дека нема никаков недостаток туку напротив, МВР има обезбедено залихи кои се доволни за наредните три години.

Термин за фотографирање на граѓаните се добива за само еден ден, а возачките дозволи се изработуваат и издаваат за неколку дена, многу порано од законски пропишаниот рок. Апелираме да не се шират дезинформации со кои се создава забуна меѓу граѓаните, стои во соопштението на МВР.

ПредходнаНиту еден сведок не сведочеше на рочиштето за Пулс, реагираа адвокатите на одбраната
СледнаСДСМ поднесе кривична пријава против унгарските сопственици на телевизија Алфа