Министерката за образование и наука Весна Јаневска потврди дека на Филозофскиот факултет во Скопје се запишувале студенти на магистерски и докториски студии без завршени додипломски студии.
Јаневска рече дека го чека конечниот извештај од Филозофскиот факултет за да постапи потоа како министер.

– Констатирани се нерегуларности на Филозофскиот факултет но не при упис на додипломски студии, туку при упис на постдипломски студии, втор и трет циклус. Државниот просветен иснпекторат постапуваше, донесе заклучоци, го информира Факултетот, кој треба да постапи. Колку што ми е познато, Факултетот постапува и јас го чекам конечниот извештај за кога ќе помине рокот за постапување како министер овластен во оваа област да го донесам и конечното решение, рече денеска Јаневска.
Информацијата ја обелодени порталот МКД.мк кој пишува дека случајот бил откриен од страна на Државниот просеветен инспекторат и дека студиите на овие студенти им се прекинати.




