Повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат пообилни најавуваат синоптичарите за денес. Наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната од 14 до 21 степени.
Во Скопје, во делови од котлината ќе има повремен дожд и ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степен.
Нестабилното време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи ќе се задржи до среда. Процесите наместа ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и јужните делови каде во текот на овој период ќе наврнат над 30 l/m². Дневната температура ќе биде во опаѓање, а во четврток и петок утринската наместа ќе се спушти и под нулата. Ќе дува северен ветер, кој во четврток ќе биде засилен, повремено силен.




