Македонската медиумска фела изгуби уште еден долгогодишен новинар. Почина и Лилјана Алтипармакова, долгогодишна новинарка и уредничка во Македонската радио телевизија.
Алтипармакова, која беше во пензија, го помина целиот работен век во МРТВ како спикерка, новинарка и уредничка. Особено беше претпознатлива по нејзините прилози од областа на економијата.
Погребот ќе се одржи утре од 11:30 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.
Покрај Алтипармакова, денеска почина и новинарката Гордана Дувњак.




